(Видео)Европски шампион во бокс е упасен во Москва по тепачка и пукотница во ресторан

Европскиот шампион во бокс Никита Иванов е уапсен во Москва, откако пукал во луѓе кои се обиделе да го задржат по тепачка која се случила во ресторан.

По тепачката со три лица, Иванов извадил пиштол од јакната и почнал да пука во обезбедувањето на ресторанот во кој бил. Боксерот прво се степал со гостин во ресторанот, а потоа и со двајца обезбедувачи.

Потоа Иванов вади пиштол и пука во луѓето, а еден од присутните пред ресторанот успеал да му го одземе оружјето.

Целиот инцидент е снимен и објавен на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави