Пред вечерашниот (21 ч.) дуел од 4. коло во групната фаза од фудбалската Лига на шампионите Милан – ПСЖ се случија инцидентни сцени меѓу навивачите на двата тима. Еден гостински навивач е прободен со нож и се бори за живот во болница во Милано.
Во првиот натпревар меѓу овие два тима во Париз, го добија „светците“ со убедливи 3:0.
Инцидентот го предизвикале домашните навивачи кои ги нападнале гостите во ноќен клуб.