Германија одобри 91 милион евра помош за палестинските бегалци

Германската влада денеска објави дека доделува 91 милион евра на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), по ревизијата на програмата за развој што ја започна откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври.

На 8 октомври, Германија ја суспендираше помошта за развој на палестинските територии во очекување на завршувањето на споменатата ревизија, иако продолжи да обезбедува хуманитарна помош, објави „Тајмс оф Израел“.

Германското Министерство за развој изјави дека се уште не ја завршило ревизијата, но засега се фокусира на агенцијата UNRWA.

Во согласност со првиот „делумен резултат“ од ревизијата на помошта за Палестинците, германската влада одлучи да „одмрзне“ 71 милион евра, веќе доделени за УНРВА и да додаде 20 милиони евра нови средства.

Средствата, најавени од германската министерка за развој Свења Шулце по состанокот во Јордан со шефот на UNRWA, се вели дека ќе бидат искористени за продолжување на обезбедувањето основни услуги (особено вода за пиење) за раселените лица во Појасот Газа и за помош на палестинските бегалци во Јордан.

Треба да знаете
Последни објави