Владата на Република Северна Македонија на денешната 198-та седница донесе одлуки за трансформирање на средните општински училишта „Никола Карев“ од Струмица и „Коле Неделковски“ од Велес во Регионални центри за стручно образование и обука.
Со тоа, како што информираат попладнево од владината прес-служба, бројот на Регионални центри за стручно образование и обука во државата се искачува на вкупно пет.