Просечно по 33 камиони со помош пристигнуваат во опколениот Појас Газа секој ден откако преминот Рафа беше повторно отворен, соопшти палестинската Црвена полумесечина.
Вкупно 569 камиони со помош ја минале границата од Египет од 21 октомври, од кои синоќа поминале 93 камиони, пренесе ДПА.
Според ОН, потребни 100 товарни камиони секој ден за снабдување на два милиони луѓе во Појасот Газа со неопходните работи.
По терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври од страна на исламистичката група Хамас, која владее со Појасот Газа, преминот Рафа на египетската граница остана отворен неколку дена. На 10 октомври, Египет го затвори преминот до понатамошно известување, наведувајќи ги како причина израелските напади во околината.