ЕУ бара од Италија повеќе информации за центрите за мигранти во Албанија

Европската унија не била информирана за договорот меѓу италијанската премиерка Џорџа Мелони и Тирана за испраќање илјадници мигранти во Албанија, како дел од процедурата за барање азил, и бара повеќе информации за тоа, објави денеска Гардијан, повикувајќи се на извори во Брисел.

Портпаролот на ЕУ рече дека Унијата била „известена“, но одби да каже кога им било соопштено за планот што италијанската премиерка вчера го претстави, додава британскиот весник.

„Побаравме детални информации. Треба да ги видиме деталите, за да можеме да зборуваме за импликациите“, рече портпаролот.

Италија ќе гради центри во Албанија за сместување на мигрантите кои пристигнуваат по море, изјави вчера Џорџа Мелони.

Мелони рече дека албанските центри првично ќе сместат околу 3.000 луѓе, а се планира да бидат отворени во пролетта 2024 година.

Таа рече дека италијанската влада се надева дека ќе го зголеми својот капацитет за сместување на 36.000 мигранти годишно.

„Сметам дека ова е вистински европски договор и сакам да кажам дека покажува дека е можно да се работи заедно за управување со миграциските текови“, рече Мелони на прес-конференција во Рим, по средбата со нејзиниот албански колега Еди Рама.

Треба да знаете
Последни објави