Францускиот фудбалер од средниот ред Едуардо Камавинга (19) го продолжи договорот со Реал Мадрид за уште две години, до 2029, соопшти вечерва Кралскиот клуб.
Реал не ги обелодени финансиските детали, а според шпанските медиуми новиот договор може да вклучува откупна клаузула од една милијарда евра, како што тоа беше случај со неодамна продолжените соработки со неговите клупски колеги Родриго и Винисиус.
Камавинга дојде во Реал летото 2021 од француски Рен за 30 милиони евра.
Во двете сезони Французинот досега одигра повеќе од 100 натпревари за шпанскиот клуб и освои шест трофеи.