Совршен син дијамант, наречен „Bleu Royal“, може да стане најскапиот скапоцен камен во светот кога ќе се најде на аукција на Кристи. Овој дијамант, инаку, е најскапиот предмет од колекцијата за кој купувачите ќе наддаваат на аукцијата на Женевското Езеро.
Колекцијата вклучува и бројни предмети од светската историја на филмот. Па така, во понудата ќе има бисерен ѓердан што го носела актерката Одри Хепберн во филмот „Празник во Рим“ и часовникот на Марлон Брандо од филмот „Апокалипса денес“.
Синиот дијамант од 17,61 карати е најголемиот интензивно син скапоцен камен поставен во прстен и е дел од приватна колекција веќе 50 години. Се очекува да достигне цена помеѓу 32 и 46 милиони евра на аукцијата на Кристи.
Живописните сини дијаманти со повеќе од десет карати се исклучително ретки. Од своето основање во 1766 година, Кристи продаде само три вакви дијаманти и тоа сите во последните 13 години.
Булгари Блу се продаде за 14,7 милиони евра во 2010 година, Винстон Блу за 22,2 милиони евра во 2014 година и Опенхајмер Блу за 53,6 милиони долари во 2016 година.