Спасовски: За една недела приведени 60 лица, издадени над 3.400 казни за сообраќајни прекшроци

Министерот за внатрешни работи информира за преземените мерки и резултати на МВР во последните седум денови.

„Во текот на изминатата недела 30.10.2023-5.11.2023 преземени се засилени оперативни мерки и превентивни активности во функција на поголема безбедност на граѓаните:

По преземени мерки на СВР низ државата како и мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата, издадени се 3452 прекршочни платни налози за сторени сообраќајни прекршоци.

Остварени 13 Превентивни активности во временски период од 30.10.2023 до 05.11.2023, на теми превенција од трговија со дрога, врсничко насилство и безбедност во училишта, безбедност во сообраќајот.

За период од 30.10.2023 до 05.11 2023 приведени се над 60 лица по разни основи, за недозволена трговија со дрога, разбојништво, тешки кражби, криумчарење мигранти, дрвокрадци, лица барани со потерница, приредување игри на среќа без лиценца.

Продолжуваме – транспарентно и отчетно“ вели Спасовски во објавата.

Треба да знаете
Последни објави