Фински бизнисмен сака да го купи Интер

Финскиот бизнисмен Томас Зилиакус, прилично непознат за пошироката јавност и во минатото кандидат за купување на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, сега покажува интерес да го купи италијанскиот калчолигаш Интер.

„Јас сум сериозен, оваа недела или најдоцна идната, сегашниот сопственик на Интер ќе добие соодветна понуда за преземање на клубот“, рече финскиот бизнисмен во интервју за италијанскиот весник „Република“.

Зилиакус тврди дека благодарение на „различни инвеститори, мали и големи, семејства и институционални вложувачи“, чии имиња и националности не сакаше да ги открие, собрал 2.5 милијарди евра за купување на италијанскиот клуб.

Понудата, како што најави Финецот, ќе ја поднесе „компанијата XXICenturyCapital која има седиште во Сингапур и која е заинтересирана за фудбал и мода“.

Зилиакус е поранешен извршен директор на „Нокиа“ кој вели дека богатството го изградил во азискиот технолошки сектор. Живее во Сингапур, каде во 1998 година го основаше инвестицискиот фонд специјализиран за нови технологии „Mobile FutureWorks“ (MFW). 

Треба да знаете
Последни објави