Меѓународниот комитет на Црвениот крст денеска изјави дека страдањето на децата зафатени со бомбардирањето на Газа претставува морален неуспех.
„Во Газа, хирурзите на МКЦК лекуваат мали деца чија кожа е јагленисана од широко распространети изгореници“, рече претседателката на МКЦК, Мирјана Шпољариќ. „Што повеќе треба да издржат децата? Сликите на страдање, мртви и ранети деца ќе не прогонуваат сите. Ова е морален неуспех“.
МКЦК упати молба за деескалација на конфликтот, повикувајќи ги инволвираните страни да обезбедат безбеден хуманитарен пристап до Газа, обновување на критичните објекти и ослободување на заложниците.
Спољариќ додаде дека додека не бидат ослободени заложниците, МКЦК ќе продолжи со напорите да го повикува Хамас да им дозволи на хуманитарните работници да ги посетат заложниците.
Лекарите од хуманитарните организации членки на Црвениот крст и во Израел и во Газа се убиени додека се обидувале да им помогнат на жртвите од војната во изминатиот месец, соопшти МКЦК.