Галант: Лидерот на Хамас се крие во бункер, прекинат му е контактот со другарите

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави вечерва дека лидерот на Хамас Јахја Синвар „се крие во својот бункер и дека контактот со неговите соборци е прекинат“, објави „Тајмс оф Израел“.

„Скај њуз“ наведува дека Синвар бил опколен во неговиот бункер, повикувајќи се на изјавата на Галант, кој не ја прецизирал локацијата на бункерот.

„Денес видовме илјадници жители на Газа како одат на југ (преку таканаречениот хуманитарен коридор). Апелирам до сите жители на Газа да се движат на југ за да избегнат штета. Ќе го уништиме Хамас, немаме интерес да ги повредуваме цивилите“, рече Галант.

Тој рече дека Појасот Газа е „најголемата терористичка база што ја создалo човештвото“ и ја отфрли можноста за хуманитарно примирје додека Хамас не ги ослободи 240-те заложници што ги држи во заробеништво.

Треба да знаете
Последни објави