Најк ги тужи Њу Баланс и Скечерс

Глобалниот производител на спортски обувки и облека Најк поднесе тужба против конкурентските компании Њу Баланс и Скечерс за наводно прекршување на патентираната технологија „flyknit“ на лесни и многу силни влакна што се користат во патиките.

Њи Баланс ги негираше овие обвинувања и рече дека Најк не е сопственик на „традиционалните методи на производство кои се користат во индустријата со децении“, пренесува Економист.

Компанијата Најк претходно објави дека во кварталот од јуни до август, што е прв фискален квартал на компанијата, имала приход од 12,94 милијарди долари и забележала добивка од 1,45 милијарди долари, односно заработила 94 центи по акција (ЕПС).

Аналитичарите на агенцијата LSEG (Рефинитив) очекуваа повисоки приходи од 12,98 милијарди долари, но и помала заработка од 75 центи по акција, пренесува CNN.

Треба да знаете
Последни објави