Постекоглу: Фудбалот не е форензика

Прекумерното преиспитување на судиските одлуки во ВАР собата го урива авторитетот на арбитрите во Англија, предупреди тренерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу, откако неговиот тим загуби изминатата вечер во лондонското дерби од Челзи (1-4) и го претрпе првиот пораз сезонава во Премиер лигата.

Лондонското дерби поради бројните ВАР проверки на судиските одлуки траеше дури 113 минути, исклучени беа двајца фудбалери на Тотенхем, а во првото полувреме беа поништени четири голови.

Тренерот на Тотенхем не сакаше да го критикува главниот судија Мајкл Оливер и нагласи дека бројните инциденти довеле до претерана употреба на технологијата.

Одлуките се одлуки, морате да ги прифатите или да не ги прифатите. Некои од нив самите се наметнуваат, но ако секоја недела се жалиме поради лошите одлуки, ќе ни се случи тоа што веќе ни се случува во оваа игра – форензичка студија на секоја одлука. Фудбалот се движи во тој правец. Не ми се допаѓа тоа, и би можел да бидам осамен во тоа размислување, бидејќи ми е речено дека тоа е патот кон напредок, рече Постекоглу во изјава за англиските медиуми. 

Треба да знаете
Последни објави