За време на синоќешниот натпревар од 4. коло на групната фаза во фудбалската Лига на шампионите помеѓу Црвена звезда и Лајпциг (1:-2) се случила голема несреќа. Еден од навивачите на домашниот тим паднал од северната трибина и со главата удрил во бетонска подлога. Станува збор за М.Л. (43), кој во моментов се наоѓа во шок-оделот на Ургентниот центар во Белград и кој во моментов е во стабилна состојба. Според српски „Телеграф“, тој при падот ги повредил главата и слезината.
-Навивачот стоеше на оградата, наеднаш се лизна и падна во таканаречениот ендек. Ја удри главата во бетонот. Веднаш ги повикаа лекарите, но тој не се освести. Мислам дека висината беше околу два метра, изјавил сведокот на несреќниот случај за српските медиуми.
За случајот е известено Првото основно јавно обвинителство на Србија.
Видеото од реакцијата на лекарите и обезбедувањето можете да го видите ТУКА.