Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави вечерва дека билетите за дуелот на македонската репрезентација против Англија во рамки на квалификациите за ЕУРО2024 ќе бидат пуштени во продажба од неделник, една недела пред натпреварот што ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Цената на влезница за натпреварот изнесува од 400 и 600 денари.
Продажбата на билетите ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.
Задолжителна ќе биде влезница за натпреварот и за деца, без оглед на нивната возраст.