Основното училиште „Синиша Стоилов“, во Зрновци нема своја веб страна, а фејсбук профилот не е ажуриран од 2022 година, додека пак општината се дави во кал, сепак директорката Слаџана Гаврилова во октомври годинава купила гејмерска столица која чини 9.999 денари.
Покрај гејмерската столица на сметка на училиштето испазарила и хибриден брич -Филипс за лице и тело кој чини 6.374 денари, а и смути блендер бело сива боја 1.499 денари.
Вкупната набавка заедно со вајрелс маусот е 18.471 денари.
Неофицијално како што дознава Градска.мк четирите работи се купени како подарок за роденденот на градоначалникот во знак на благодарност бидејќи е именувана како директорка.
До објавувањето на веста не добивме одговор од градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Борчо Коцев, како е дозволена оваа набавка.
На телефонскиот број на училиштето се вклучуваше постојано факсот, додека пак емаил адреса училиштето нема.
Финансиските трансакции на училиштата сепак ги следи секторот за јавни набавки во општината и нејасно е каком е дозволена оваа набавка и каква потреба има едно училиште од вакви апарати.
Исто така според закон орган на управување на основното училиште е училишниот одбор.Одлуките на училишниот одбор се донесуваат со мнозинство гласови од вкупниот број членови и тие сепак дозволиле ваква спорна набавка во училиштето.
Обврски на Училишниот одбор:
– донесува статут на основното училиште,
– предлага годишна програма за работа и извештај за работа на основното училиште до советот на општината,
– донесува програма за развој на училиштето,
– донесува програма за воведување на повисоки стандарди и други програми,
– предлага финансиски план до основачот,
– предлага завршна сметка до основачот.