Ивановска повторно вратена на директорското место на Општа болница Куманово

Конечно завршија преговорите за директор на Општа болница Куманово – директорската позиција повторно е доделена на Билјана Ивановска.

Таа беше избрана на конкурс на крајот на месец септември оваа година, за кратко потоа да биде неетички разрешена од страна на Министерството за здравство кое постави нов в.д директор.

Од денеска Ивановска е вратена како директорка на Општата болница Куманово која опслужува околу 200.000 граѓани од Североисточниот регион.

Ивановска е вработена во болницата како психолог по општа психологија. Член е на  Психолошка комора на Република Северна Македонија, лиценциран психолог и магистар по бизнис менаџмент.

Треба да знаете
Последни објави