Извештај на ЕК: Владата успеа да обезбеди економска стабилност и во време на криза ги помогна домаќинствата и бизнисите

Во извештајот на Европската комисија за напреодкот на Македонија, меѓу другото се нотира и дека државата има добро ниво на подготовка во развојот на функционална пазарна економија. 

– Иако во 2022 година, економијата беше тешко погодена од последиците од руската агресија против Украина, сепак Северна Македонија успеа да обезбеди финансиска и макроекономска стабилност. Во услови на криза Владата ги поддржа домаќинствата и бизнисите преку големи енергетски субвенции, даночни намалувања и насочена директна поддршка на приходите се наведува во Извештајот. 

Сепак, Евопската комисија во Извештајот наведува и дека постојат одредени предизвици  во делот на спроведување на Законот за буџет, управувањето со јавните финансии, справувањето со сивата економија и прафискланите давачки, недостатокот на работна сила…

Во делот од на Кластерот 3 – Конкурентност и инклузивен раст, вклучително и дигитална трансформација, оданочување, социјална политика и вработувањето, земјата е умерено подготвена во повеќето области.

– Земјата е меѓу умерено и добро ниво на подготовка во областа на економската и монетарната политика. Има добро ниво на подготовка во областите на науката и истражувањето и царинската унија. Постигнат е одреден напредок во однос на оданочувањето, економската и монетарната политика, претпријатијата и индустриската политика, политиката за наука и истражување, социјалната политика и вработувањето. Сепак, потребни се повеќе напори, особено во областите каде што е постигнат ограничен напредок, како што се дигиталната трансформација, царинската унија и образованието и културата, смета ЕК. 

Извештајот наведува и дека земјата е на добро ниво на подготовка за трансевропските мрежи и има одредено ниво на подготовка за животната средина и климатските промени, како дел од Кластерот 4 – Зелена агенда и одржливото поврзување. 

Треба да знаете
Последни објави