Хуманитарна помош пристигна во болницата Ал Шифа во Газа

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) и Светската здравствена организација (СЗО) денеска објавија дека и покрај огромните ризици, хуманитарната помош стигнала до болницата Ал Шифа во градот Газа.

„УНРВА ѝ овозможи на СЗО да ги достави многу потребните итни медицински материјали и лекови до болницата Ал Шифа во градот Газа, и покрај огромните ризици за нашиот персонал и партнерите од немилосрдното бомбардирање“, се вели во соопштението.

Се додава дека здравствените услови во најголемата болница во Појасот Газа и една од најстарите палестински здравствени установи се катастрофални.

„Здравствените установи се без залихи и гориво. Повеќе од еден месец не е дозволена испорака на гориво во Појасот Газа, вклучително и болницата Ал Шифа“, нагласуваат од УНРВА и СЗО.

Се посочува дека болниците и објектите како што се постројките за вода и пекарите не можат да работат без гориво.

Треба да знаете
Последни објави