Израелскиот министер за стратешки прашања Рон Дермер изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неодамнешното интервју за Еј-Би-Си Њуз (ABC News) „не зборувал за окупација на Газа“ по војната со Хамас.
Дермер синоќа рече дека Израел целосно се повлекол од Газа пред 17 години и дека со тоа придонел за обновата на „терористичката држава“ и дека е јасно дека тоа не може да го повтори.
„Еднаш кога Хамас нема да биде на власт и по уништувањето на неговата инфраструктура, Израел ќе мора да има целокупна одговорност за безбедноста на неодредено време“, рече Дермер, кој е еден од двајцата набљудувачи во воениот кабинет на Израел, во интервју за Ем-Ес-Ен-Би-Си (MSNBC).
Објаснувајќи како ќе се организира одговорноста, Дермер рече дека тoa прашање останува отворено, но потврди дека „тоа нема да биде окупација“.
Изјавата на Дермер, поранешен амбасадор на Израел во САД, кој е близок со премиерот Нетанјаху, дојде откако Вашингтон соопшти дека се противи на новата долгорочна израелска окупација на Газа.