Русија испраќа украински воени заробеници на фронтот за да се борат на нејзина страна за време на конфликтот, според руската државна новинска агенција, пренесува Скај Њуз.
Агенцијата објави видео снимка на која наводно се гледа како војниците се заколнуваат на верност на Русија кога се приклучиле на новиот баталјон.
Тврдењето и вистинитоста на видеото не може да се проверат независно, а руските и украинските власти не одговориле на барањата за коментар.
Москва, исто така, претходно користеше осуденици за борба во Украина во замена за помала казна.