Вкупно 34 лица се пријавиле кај лекарите во разни делови на Хрватска поради сомневање за труење од газирани пијалаци. Најмногу пациенти дошле во КБЦ „Загреб“, дури 17 лица. Од нив, двајца се со ерозивни повреди, но никој не е задржан на болничко лекување. Шест пациенти дошле во КБЦ „Сестри милосрдници“, а сите шест биле отпуштени дома и кај ниеден не биле констатирани ерозивни повреди. Во клиничката болница „Меркур“ во Загреб се пријавиле двајца пациенти. Еден е задржан на болничко лекување, а еден е отпуштен дома, пренесуваат тамошните медиуми.
Еден пациент е задржан и во болницата во Риека.
Докторите контактирале уште тројца пациенти во Сплит и по еден во Карловац, Вараждин, Винковци, Чаковец и во Вировитица.
Медиумите потсетуваат дека хрватската јавност беше вознемирена од случаите на сомневање за труење од газирани пијалаци во целата земја.
Поради нив, Државниот инспекторат нареди повлекување на некои од производите на компанијата „Кокa-Кола“ и ѝ забрани на компанијата да не пушта во продажба нови производи додека не се утврди дека се безбедни за потрошувачка. И трговските синиџри и угостителските објекти почнаа да отстрануваат дел од асортиманот поврзан со оваа компанија.