Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговараше со својот ирански колега Ебрахим Раиси за хуманитарната криза како резултат на израелските напади врз Појасот Газа, како и за голем број билатерални и регионални теми.
Ердоган и Раиси се сретнаа на маргините на 16-от самит на лидерите на Организацијата за економска соработка во Ташкент, главниот град на Узбекистан, соопшти кабинетот на Ердоган.
Во соопштението се наведува дека разговарале и за чекорите што треба да се преземат за решавање на хуманитарната криза во Газа.
Турција е подготвена, вели Ердоган, да го реши проблемот со преземање одговорност како држава гарант и дека исламскиот свет треба да заземе заедничка позиција и да го зголеми притисокот врз Израел.
„Претседателот Ердоган рече дека крајот на израелските напади ќе му служи на регионалниот и светскиот мир. Тој рече и дека Организацијата за исламска соработка треба да вложи напори за постигнување праведно решение на претстојниот вонреден самит“, се навбедува во соопштението.