Нетанјаху ја демантираше Белата куќа: нема прекин на огнот, борбите продолжуваат

Откако Белата куќа објави дека Израел се согласил на неколкучасовен прекин на огнот во северниот дел на Појасот Газа секој ден, кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопшти дека борбите продолжуваат и дека нема да има прекин на огнот без ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас.

„Израел дозволува безбедни транзитни коридори од северот на Појасот Газа кон југ. Само во средата, околу 50.000 Палестинци го искористија овој коридор за да се упатат кон југ“, се вели во соопштението, во кое се повикува уште еднаш цивилното население во Газа да се евакуира на југ.

Џон Кирби, портпаролот на американскиот Совет за национална безбедност, претходно денеска најави дека Израел секојдневно ќе спроведува четиричасовни паузи во борбите во одредени области на северот на Појасот Газа.

Кирби рече дека најавите за паузите ќе бидат објавени три часа пред да започнат, објави американската телевизија NBC News.

Треба да знаете
Последни објави