Нотирани постигнувања, но и критички забелешки – ЕК го објави извештајот за напредокот на европскиот пат

Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава на европскиот пат е рефлексија на нашата секојдневна борба за унапредување на општеството, беше заклучено при вчерашното врачување на копиите од Пакетот за проширување за 2023 година и од Планот за раст на Западниот Балкан од страна шефот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир во Скопје на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. 

Евроамбасадорот Гир вчера копии од Пакетот за проширување, кој го вклучува и Извештајот за напредокот на земјата им врачи и на шефот на државата Стево Пендаровски и на претседателот на Собранието, Талат Џафери и претставници на собраниските пратенички групи, а за денеска е најавено примероци од документите да им врачи и членовите на Врховниот суд. 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оцени дека главните забелешки во Извештајот се политичката поларизација и блокадата на работата на Парламентот во донесувањето законски и реформски решенија од страна на опозицијата. За владејачката СДСМ, Извештајот потврдил дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица се кочничари на напредокот кон ЕУ, додека за најголемата опозициска партија тој бил доказ дека земјата се наоѓа во состојбата на стагнација и во одреден дел и на назадување. 

Во Извештајот за напредокот на земјава за 2023 година, објавен вчера, се наведува дека процесот на преговори за пристапување на Северна Македонија во ЕУ бара широк консензус од главните политички партии, кои треба да се вклучат во конструктивна и инклузивна политичка дебата за да се зајакне улогата на Парламентот. ЕК оценува дека работата на Парламентот беше нарушена со политичка поларизација, која дополнително се продлабочи, одложувајќи го усвојувањето на многу реформски закони и важни именувања, а се забележува и за прекумерна, а понекогаш и несоодветна, употреба на процедурата за носење законски решенија со „европско знаменце“. 

Собранието денеска треба да ја одржи 45-та седница на чиј дневен ред се повеќе предлог законски решенија и годишни извештаи за работа на повеќе државни институции и независни регулаторни тела

ЕК смета дека земјата продолжила со напорите за зајакнување на демократијата, но се соочила со значителни предизвици во областа на владеењето на правото, како и дека генерално правната рамка за одржување на демократски избори останува соодветна и покрај тоа што не се имплементирани вонредните препораки од ОБСЕ/ОДИХР) и Венецијанската комисија.  

Според ЕК, Северна Македонија останува умерено подготвена во однос на реформите во јавната администрација и постигнат е ограничен напредок со усвојувањето на новата стратегија за нејзина реформа, додека за невладиниот сектор се оценува дека иако тој генерално работи во поволно опкружување, потребно е негово поголемо вклучување во реформскиот процес.  

Европската комисија оценува дека нема напредок во делот на судството и дека судскиот систем на Северна Македонија е помеѓу одредено и умерено ниво на подготвеност. Во делот за судскиот систем, во Извештајот се посочува дека Судскиот совет треба да се залага за заштита на интегритетот и независноста на судиите и институциите и треба да се спротивстави на секое надворешно влијание. 

– Контроверзното разрешување на претседателот на Судскиот совет предизвика загриженост за несоодветно политичко влијание, се посочува во Извештајот на ЕК.  

Во делот на борбата против корупцијата, Европската комисија оценува дека не е постигнат напредок и дека земјата е меѓу одредено и умерено ниво на подготовка, при што се потенцира дека корупцијата останува распространета во многу области и е загрижувачко прашање. Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), во Извештајот на ЕК се препознава како проактивна во обезбедувањето на јавните институции со насоки за политики за спречување на корупцијата.  

Извештајот од анализата на патните трошоци на пратениците во периодот од 2015 до 2019 година што денеска Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) го презентираше покажува дека вкупни

Во Извештајот се оценува дека во борбата против организираниот криминал Северна Македонија има одредено ниво на подготовка и дека е постигнат одреден напредок, исто како и во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам. 

Комисијата смета дека Северна Македонија продолжува да ги исполнува своите општи обврски за основните права, но законодавството треба да се спроведува на посистематски начин, при што се оценува дека правната рамка на земјата за почитување на основните права е делумно усогласена со правото и стандардите на ЕУ.   

Во документот се посочува дека лицата со попреченост и натаму се соочуваат со директна и индиректна дискриминација, социјална исклученост и ограничувања, дека состојбата во затворите се уште е страшна, како и дека условите за притвор треба да се подобрат со најголема итност.  

Според ЕК, посебно внимание треба да се посвети на промовирање на недискриминацијата, зголемување на ефективноста во справувањето со насилството и говорот од омраза и зајакнување на капацитетот и независноста на институциите задолжени за заштита на правата на лицата кои припаѓаат на малцинските заедници.   

Општина Кавадарци објави јавен повик за прибирање предлог проекти по приоритетните области, родова еднаквост и човекови права, негување на културата и културното наследство, младински иниција

Во извештајот се посочува и дека земјата е меѓу одредено и умерено ниво на подготовка во областа на слободата на изразување. 

– Генерално, постигнат е ограничен напредок. Општиот контекст е поволен за слободата на медиумите и овозможува критичко медиумско известување. Изменетиот Кривичен законик и Законот за граѓанска одговорност за клевета го подигнаа севкупното ниво на правна заштита на новинарите. Сепак, забележани се голем број напади, закани и одредено застрашувачко однесување кон новинарите, се додава во Извештајот, при што се потенцира дека условите за работа на новинарите остануваат предизвикувачки.  

Според ЕК, земјата постигна одреден напредок и е на добро ниво на подготовка за развој на функционална пазарна економија, иако во 2022 година економијата на земјата беше тешко погодена од последиците од руската агресија врз Украина, што значително го забави нејзиното закрепнување по Ковид пандемијата. Сепак, се наведува дека и покрај воведените фискални правила и зајакнувањето на фискалната одржливост, напредокот е бавен во спроведувањето на пошироки мерки за подобрување на управувањето со јавните инвестиции.   

За банкарскиот сектор се заклучува дека покажал отпорност во текот на кризите, додека пазарот на трудот и покрај одреденото подобрување и натаму се соочува со структурни проблеми, како невработеност на младите и големиот јаз меѓу половите. Според ЕК, земјата постигна одреден напредок и е умерено подготвена да се справи со конкурентскиот притисок и пазарните сили во ЕУ, исто како и за нејзината способност да ги преземе обврските од членството во повеќето области, како слободното движење на стоки, услуги и капитал, интелектуална сопственост, политика на конкуренција, финансиски услуги и заштита на потрошувачите и здравјето.

null

Оценка за умерена подготвеност е дадена и во делот на конкурентноста и инклузивниот раст и во делот на ресурсите и земјоделството, додека за животната средина и климатските промени земјава е оценета со „одредено ниво на подготовка“.  

Во Извештајот се посочува и дека земјата е умерено подготвена во областа на надворешните односи и достигна добро ниво на подготовка за заедничката надворешна и безбедносна политика и постигна одреден напредок во текот на периодот на известување за заедничката трговска политика. 

Во однос на регионалната соработка се наведува дека земјата одржува добри односи со другите држави опфатени со процесот на проширување и продолжила да се ангажира во регионалните иницијативи. При тоа се додава дека постојните билатерални договори треба да се спроведуваат со добра волја од сите страни, вклучително и Договорот од Преспа меѓу Северна Македонија и Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. 

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји при презентацијата на пакетот извештаи за напредокот на кандидати за членство пред членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент посочи дека властите на Северна Македонија продолжија да демонстрираат и јавно да ја декларираат својата посветеност за напредок на европскиот пат и сега кога започна процесот на пристапни преговори, земјата треба да го забрза темпото на реформи поврзани со зачленувањето во ЕУ.  

– Парламентот и Владата се залагаат да почнат и приоритетно да се спроведат релевантните уставни измени. Се надеваме дека сите страни ќе го поддржат тоа за земјата да оди напред, изјави Вархеји, додавајќи дека спроведувањето на уставните измени е суверена одлука и определба на земјата, која дополнително би ги зајакнала основните права.  

Сепак, според него, потребно е зајакнување на довербата во правосудниот систем и справувањето со корупцијата, вклучително и преку солидни истраги, гонење и конечни пресуди за случаите на корупција на високо ниво.  

При претставувањето на пакетот извештаи за напредокот на земјите кандидати за членство, претседателката на ЕК ,Урсула Фон дер Лајен изјави дека политиката на проширувањето е од витално значење за ЕУ.  

– Членството значи пристап до четирите слободи – пристап до единствениот европски пазар, граѓаните можат да патуваат, бизнисите имаат нови пазари и сето ова е можна придобивка што ја зголемува стабилноста и просперитетот на овие земји, рече Фон дер Лајен.  

Таа нагласи дека многу јасни и импресивни се и придобивките за самата ЕУ со проширувањето на заедничкиот европски пазар, но дека тоа е инвестиција во безбедност на Унијата за заштита од странски мешања и стабилизирање на европското соседство. 

– Проширувањето е единствена можност за земјите кои и се придружуваат на Унијата и за нас, тоа е поттик за мир и просперитет што ја прави нашата Унија толку посебна, порача Фон дер Лајен.  

Според шефот на дипломатијата Османи главни забелешки во Извештајот се политичката поларизација и блокирањето на Парламентот од страна на опозицијата. 

– Извештајот јасно вели дека политичката поларизација, блокирањето на Парламентот оневозможило да се донесат голем број законски и реформски решенија. Тоа навистина е сериозна порака до сите политичките партии. Тоа не е само до Владата, туку и до оние од опозицијата кои го блокираат со години Парламентот, само заради некои ситен партиско политички и дневен интерес и не дозволуваат да се донесат важни законски решенија, рече Османи, додавајќи дека документот посочува и евентуални слабости, кои може да се детектираат во судството или во другите институции. 

Maqedonia e Veriut që nga anëtarësimi i saj në NATO i konfirmon përpjekjet e saj për respektimin e vlerave që i promovon dhe i përfaqëson Aleanca. Është një anëtare e respektuar e cila kontri

Според него, битна е причината која довела до таков извештај. – Во една каузална терапија го лекувате проблемот, а не симптомот. Ова што гледаме како детектирани слабости се симптоми на една причина, а причината е политичката поларизација, односно обидот да се стават партиските над државните интереси, посочи Османи.  

Портпаролка на СДСМ, Богданка Кузеска оцени дека Извештајот ги потврдил фактите дека ВМРО-ДПМНЕ, нејзиниот лидер Христијан Мицкоски и Левица се кочничари на напредокот на земјата кон ЕУ. 

– Клучниот проблем за извештајот на Европската комисија и забелешките во него е тоа што Собранието е блокирано од страна на опозицијата. Се укажува на потребата да се донесат уставните измени и реформите за ЕУ кои ги блокираат токму Мицкоски и ДПМНЕ. Блокадата на ДПМНЕ и Левица е и за поглавјата кои се однесуваат на борбата против корупцијата, што значи ДПМНЕ беше и останува против правдата, изјави Кузеска. 

Според неа, Комисијата во Извештајот посочила дека Македонија има прогрес во 81 отсто од поглавјата, а нема назадување во ниту едно поглавје, како и дека 90 отсто од поглавјата се на соодветно ниво на подготвеност. 

– ДПМНЕ заедно со Левица се единствените антиевропски партии кои се најголемите кочничари на европскиот пат на земјата, додаде Кузеска. 

Отворена поддршка на Република Северна Македонија на патот кон ЕУ и НАТО од групата земји членки на ЕУ „Пријателите на проширувањето“. Добивме и честитки за трпението и реформите, како и увер

Според портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, пак, Извештајот бил доказ дека се лажни  изјавите на партиите од власта дека се фокусирани на европската агенда.  

– Ова е извештај кој е одраз на тажната реалност, одраз на состојбата на стагнација и во одреден дел назадување во која се наоѓа Македонија. Денес нема да ја слушнете власта како зборува за извештајот, нема да го слушнете ниту Ковачевски, Груби, Маричиќ, Османи и останатите да се нарекуваат европски фронт затоа што извештајот ја обелоденува нивната непосветеност кон системско имплементирање на препораките, изјави Митева. 

Според неа, во Извештајот се посочува дека не е постигнат напредок во имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, се забележува на несоодветна употреба на „европското знаменце и на „фрапантни“ состојби во судството, дека нема напредок во борба против корупцијата и дека има лимитиран напредок во слободата на изразување. 

– Извештајот на ЕК покажува и потврдува дека власта наместо да работи и да се посвети на реформи, се насочува кон стратешки погрешни цели, изјави Митева. 

Треба да знаете
Последни објави