Саркози поднесе жалба на пресудата за случајот „Бигмалион“

Апелационото судење на поранешниот француски претседател Никола Саркози, во случајот познат како „Бигмалион“, почна вчера. Судењето се однесува на наводите дека неговата партија, тогаш позната како УМП, соработувала со фирма за односи со јавноста за да ги скрие вистинските трошоци за неговата кампања за реизбор во 2012 година. Саркози во вторникот се појави на суд за да ја обжали пресудата од 2021 година за незаконско финансирање на кампањата.

Поранешниот претседател, кој останува важна фигура во француската политика и покрај тоа што не извршува никаква функција, се соочува со серија судења и истраги. Тој секогаш ги негираше обвинувањата. Франција има строги ограничувања за трошење кога станува збор за изборните кампањи, а се дознава дека Саркози за својата кампања во 2012 година потрошил 42,8 милиони евра, речиси двојно повеќе од дозволената сума.

Треба да знаете
Последни објави