Често се наоѓате во ситуација кога баш би сакале да имате едноставен рецепт или лек со кој брзо ќе се освестите, заситите или смирите.
Постојат „народни решенија“ кои може да ви помогнат во многу ситуации од секојдневието.
Во продолжение дизнајте ги кратките совети за неколку пијалаци кои ќе ви се најдат во различни ситуации:
- Ако сакате да имате мускулна маса, пијте млеко бидејќи истото содржи протеини и казеин богат со есенцијални аминокиселини.
- Ако сакате да ослабете, пијте зелен чај или сок од грејпфрут. Со зелениот чај може да го забрзате метаболизмот и да ја контролирате тежината. За најдобар ефект потребно е да внесувате 4 шолји дневно.
Исто така, сокот од грејпфрут има големо влијание на тежината, а ако јадете барем половина грејпфрут со секој оброк ќе добиете уште подобри резултати.
- За ревиталзација на мускулите пијте чоколадно млеко. Најважно после тренинг е да пиете многу вода. Но, чоколадното млеко може да ви помогне за телото побрзо да се ревитализира, поради односот на протеини и јаглени хидрати.
- За настинка, пијте чај со мед и лимон. Внесувањето течности во организмот секогаш помагаат за надразнетото грло или затнатиот нос. Но, многу подобар и побрз ефект ќе постигнете ако во чајот додадете мед и лимон. Ако сте настинати, избегнувајте го млекото бидејќи тоа може да ја зголеми секрецијата.