Евроамбасадорот во Албанија најави дека ЕУ ќе го помогне регионот со околу 6 милијарди долари

Амбасадорот на Европската унија во Тирана, Луиџи Сореца изјави дека Европската комисија ќе спроведе план за помош на земјите од регионот (вклучувајќи ја и Албанија) на патот кон интеграција во ЕУ.

Ова тој го најави на заедничката прес-конференција со вицепремиерката Белинда Балуку откако и го врачи извештајот за напредокот на ЕК за Албанија.

Сореца рече дека ЕУ ќе додели околу 6 милијарди долари помош за регионот, на начини на кои тие можат да напредуваат со реформи, на патот кон интеграцијата во ЕУ.

-Првиот столб има за цел да ја подобри економската интеграција на регионот со единствениот пазар на ЕУ. Албанија и Западен Балкан мора да дејствуваат според правилата на ЕУ за слободна трговија на стоки и услуги. Вториот столб се однесува на унапредување на економската интеграција на Западен Балкан. Третиот столб е да се забрзаат суштинските реформи за привлекување повеќе странски инвестиции. Албанија мора секоја година да подготвува реформска агенда. Планот за раст предвидува финансиска помош која е условена со исполнување на реформите. Комисијата ќе одобри 6 милијарди долари за целиот регион. Процесот на членство е на добар пат, рекол Сореца, јави euronews.al.

Додал дека проширувањето се вратило во политиката на ЕУ и оти ЕУ соработувала со партнери, вклучително и Албанија.

-Мора да одговориме на повикот на историјата и да работиме за проширување на ЕУ. Економската конвергенција е суштински елемент за Албанија и другите земји од Западен Балкан да се доближат до ЕУ. Во моментов, социо-економските услови ги кочат овие земји на патот на интеграцијата. Целта на овој план е овие

земји да имаат корист. Ова е чин за првпат. Целта е да им се помогне на партнерите да ги исполнат реформите и инвестициите и побрзо да го следат патот на ЕУ, посочил тој.

За вицепремиерката Балуку извештај е вистинска, правична и целосно независна оценка за она што Албанија го постигнала преку правни, институционални и економски реформи, чии ефекти се во очите на граѓаните, но кои „добиваат уште поголемо значење кога ќе бидат потврдени од ЕУ, кои заедно со САД, се наши главни стратешки партнери“.

-Од јули 2022 година до сега, Албанија и Европската комисија ја развија првата подготвителна фаза по отворањето на преговорите, онаа на аналитичкиот преглед на ЕУ. Како што беше потврдено во извештајот, под координација на главниот преговарач и новите реформирани структури за преговори со ЕУ, албанските институции мобилизираа значителни ресурси за активно вклучување во процесот на ревизија и за подготовка за чекорите од следните преговори за членство, изјавила Балуку, додавајќи дека за Албанија од стратешко значење е членството во унијата.

Звештајот претходно Сореца му во врачи на албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој меѓу другото оценил дека „интеграцијата во европското семејство е национален приоритет“.

Треба да знаете
Последни објави