Во организација на Центарот за реформа на финансиското известување денеска во Скопје ќе се одржи Конференција за „Зајакнување на корпоративното управување во Северна Македонија: Известување за одржливоста и зголемување на улогата на одборите за ревизија“.
Конференцијата е во рамки на регионалниот проект „Патот кон Европа: Програмата за реформа на сметководството и институционално зајакнување за мали и средни претпријатија“ (REPARIS) наменет за мали и средни претпријатија.
Се очекува конференцијата да ја отворат Ивона Варзеча, постар специјалист за финансиски менаџмент, тим лидер на проектот REPARIS, Светска банка, Филип Николовски, заменик министер за финансии, Драган Димитров, претседател на Институтот на овластени ревизори и Штефан Худолин, раководител за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје.