Најмалку 10.812 Палестинци, вклучително и 4.412 деца, се убиени во израелските напади врз Газа од 7 октомври, соопшти денеска Министерството за здравство во Газа, управувана од Хамас.
Во мешувреме, палестинското Министерството за здравство информира и дека израелските сили убиле седум и раниле 13 Палестинци во напад на бегалскиот камп Џенин на Западниот Брег.
Израелската војска потврди дека изведува „контратерористички напади“ во Џенин, но не даде дополнителни детали. Не е јасно дали настаните се поврзани со претходно објавената операција за уривање на куќата на „палестински терорист“ на Западниот Брег.