Еден загинат и две лица со изгореници е епилогот од пожар во Требеништа

Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид извести дека во раните утрински часови интервенирала на опожарен индивидуален објект во распламтена фаза, во село Требеништа – Општина Дебарца.

При самата интервенција извлечени се две лица со изгореници и повреди по телото од помал степен, велат од Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид.

Во истиот објект пронајдено е уште едно починато лице, додаваат од Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид.

Треба да знаете
Последни објави