Бела куќа: Џо Бајден и Си Џинпинг ќе се сретнат на 15 ноември

Белата куќа потврди дека американскиот претседател Џо Бајден во среда, 15 ноември, ќе се сретне со неговиот кинески колега Си Џинпинг. 

Двајцата лидери ќе разговараат за билатералните односи меѓу САД и Кина, за важноста од одржување на отворени линии на комуникација и за низа регионални и глобални прашања, се наведува во соопштението.

Се додава дека Бајден и Си ќе разговараат и за тоа како Вашингтон и Пекинг можат да соработуваат во областите каде што нивните интереси се усогласени, а посебно кога станува збор за транснационалните предизвици што ја засегаат меѓународната заедница.

Треба да знаете
Последни објави