Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека премногу Палестинци загинале во Газа.
Зборувајќи во Њу Делхи, Блинкен рече дека САД ги ценат чекорите на Израел за минимизирање на цивилните жртви, но дека тоа не е доволно.
Блинкен потсети дека САД им предложиле дополнителни идеи на Израелците, вклучувајќи подолги хуманитарни паузи и проширување на количината на помош што влегува во Газа.
Овие чекори, рече тој, „ќе спасат животи и ќе овозможат поголема помош за Палестинците“, но во исто време „треба да се направи многу повеќе за да се заштитат цивилите и да се обезбеди хуманитарната помош да стигне до нив“.
Американскиот дипломата рече дека „премногу Палестинци се убиени, премногу страдаат изминативе недели“ и дека треба да се направи се што е можно за да се спречи штетата за нив и да се зголеми потребната помош.