Мареј и Лендл повторно ја прекинаа соработката

Поранешниот светски рекет број еден британскиот тенисер Енди Мареј и неговиот тренер Иван Лендл повторно ja прекинаа соработката.

Мареј минатата година по трет пат во кариерата го ангажираше Лендл како тренер, а денеска меѓусебно се договорија повторно да се разделат.

„Иван беше покрај мене во најголемите моменти од мојата кариера и не можам доволно да му се заблагодарам за се што направи за мене. Тој е уникатен лик, кој ме научи многу“, изјави Мареј.

Додека работеше со Лендл, Мареј двапати го освои Вимблдон, еднаш на УС Опен и два златни олимписки медали.

Мареј моментално се наоѓа на 42-то место на АТП ранг-листата

Треба да знаете
Последни објави