Додека градоначалникот на Бутел Дарко Костовски се фали дека асфалтира улици, и се ангажира за рамномерен развој во населените места во местото каде владее, многу улици особено во делови на Визбегово кои спаѓаат под неговата општина, се како средновековни. После дождот улиците стануваат како да се намачкани со чоколаден крем Нутела, вака го опишуваат некои граѓани кои живеат во делови на населеното место Визбегово, кои се жалат за не одговорноста на Градоначалникот Костовски за овие места и улици.
Најлоша состојба се опишуваа ка населеното место позади индустриската зона покрај железничката пруга. Состојбата е толку лоша што речиси невозможно децата да одат на училиште од калта и насобраните мали езерца.Проблематично во овој дел се и улиците кои водат до новоизграденото училиште во Визбегово. Ново школо да но улиците да се стигне до училиштето е катастрофална.Граѓаните на овие места велат дека постојано се жалат во општина Бутел но ништо не се преземе.
Од друга страна Костовски се фали дека асфалтира некои улички во делови на Визбегово со неколку илјада метри.