Околу 12 деца болни од рак и болести на крвта се префрлени од Газа во Египет и Јордан на лекување

Околу 12 деца заболени од рак или болести на крвта се евакуирани со нивните роднини од Газа во Египет и Јордан, за да можат безбедно да продолжат со лекувањето, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Се очекува дека во рамките на таа иницијатива ќе бидат евакуирани повеќе деца за лекување на рак, објави СЗО.

СЗО и јорданската детска истражувачка болница Сент Џуд работеа во координација со египетските, израелските, јорданските, палестинските и американските власти за да ја олеснат евакуацијата на децата од Газа, соопштија ОН.

Јорданскиот премиер во вторникот најави дека децата заболени од рак наскоро ќе пристигнат во Јордан на лекување во Центарот за рак „Крал Хусеин“.

Две специјализирани болници кои обезбедуваат грижа за пациентите со рак во Газа се „пренатрупани, недоволно снабдени, изложени на напади и поради небезбедни услови, принудени да се затворат“, се вели во соопштението на СЗО, во кое се додава дека конфликтот меѓу Израел и Хамас сериозно го ограничил проток на основнитемедицински материјали, вклучувајќи ги и оние потребни за хемотерапија.

Главната болница за рак во Газа, Турско-палестинската болница за пријателство, престанала со работа поради израелските бомбардирања и недостигот на гориво, додека израелската војска негираше дека ја нападнала болницата.

Пред почетокот на војната на Израел со Хамас, по околу 100 пациенти дневно биле упатувани на лекување надвор од Газа, според СЗО.

Треба да знаете
Последни објави