Денеска на покана на заменик градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Бобан Цветановски, присуствував на Свечена академија по повод 10 Ноември – Денот на ослободување на Старо Нагоричане и 79 години самостоен развој на општината, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Заеднички и достоинствено ги одбележуваме историските настани и се обврзуваме заеднички да работиме кон создавање на подобри услови за рурален развој, за развој на туризмот и мобилноста во Североисточниот плански регион, за заштита на животната средина. Воспоставивме водоводна мрежа, бројни реконструирани патишта за модерна инфраструктура, подобрени услови во основното училиште, урбани рекреативни катчиња, субвенции за земјоделците, итн.
Никогаш како овие неколку години не се вложувало во нашата држава за рамномерен регионален развој, ги користиме сите потенцијали за создавање на современа општина. Постигнувањата во овој североисточен регион и во реонот на Старо Нагоричане го покажува влогот што како Влада го даваме и ќе го даваме за подобар живот на граѓаните, за сите сегашни и идни поколенија.
Во оваа прилика, беа доделени Ноемвриски награди во 8 категории и тоа за најдобар сточар, најдобар земјоделец, најдобар културен работник, најуспешен спортист, најуспешна фирма, најуспешен наставник, талентиран ученик, најдобар полицаец и најдобар пожарникар.
Нека е за многу години Денот на Општина Старо Нагоричане!