Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа експресно денеска обезбеди настап во полуфиналето на фјучерсот во грчкиот град Ираклион, совладувајќи ја во четвртфиналето Романката Кристина Дину со 2-0 во сетови.
Ѓорческа, која е трета носителка на турнирот, ѝ препушти на противничката само еден гем во дуелот (6-1, 6-0) и ја забележа четвртата победа во нивниот шести меѓусебен дуел.
Противничка на Ѓорческа во утрешното полуфинале ќе биде втората носителка Екатерина Макарова од Русија.
За Ѓорческа тоа ќе биде седмо полуфинале во 2023 година.
Фјучерсот кој се одржува на грчкиот остров Крит се игра за награден фонд од 40/000 долари.