Извршна директорка на УНИЦЕФ повика на безусловно ослободување на сите заложници

 Извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел, одговарајќи на видеото на кое е прикажано дете заложник кое се држи во Газа, повика на безусловно ослободување на сите заложници.

„УНИЦЕФ е запознат со очигледната видео снимка на израелско дете кое се држи како заложник во Газа“, објави таа на мрежата „Икс“.

„Киднапирањето деца е ужасен и тежок прекршок. Го повторуваме нашиот повик за безусловно, итно и безбедно ослободување на заложниците и заштита на сите деца – каде и кои и да се“, додаде таа.

Вооруженото крило на палестинската група Исламски џихад вчера соопшти дека е подготвено да ослободи двајца израелски заложници од хуманитарни причини. Заложниците се жена (77) и момче (13) – и двајцата се прикажани на видеото објавено од ривалската исламистичка милитантна група Хамас во Газа. 

Треба да знаете
Последни објави