Приведен крадец за издржување двегодишна затворска казна

Оперативен тим – Потраги вчера на улица „Ѓорче Петров“ го лишиле од слобода М.Б.(50) од Скопје.

Тој, како што соопшти денеска МВР, бил баран по централна потерница, осуден на затворска казна во времетраење од две години.

Лицето е предадено во Полициска станица Ѓорче Петров, при  што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Треба да знаете
Последни објави