Во завршниот документ на вонредниот исламско-арапски самит, чиј домаќин е Саудиска Арабија, се повикува на прекин на војната во Појасот Газа и се додава дека израелските акции против Палестинците не се форма на самоодбрана.
Документот ја осудува „агресијата на Израел против Појасот Газа, воените злосторства и варварските и нехумани масакри од страна на окупаторската влада“.
Исто така се повикува на прекин на опсадата на Газа, овозможувајќи испорака на хуманитарна помош во областа и запирање на извозот на оружје за Израел.
Состанокот беше одржан како „одговор на вонредните околности што се случуваат во палестинскиот Појас Газа бидејќи земјите чувствуваат потреба да ги обединат напорите и да излезат со унифициран колективен став“, соопшти претходно саудиското Министерство за надворешни работи.



