Ивица Тодориќ, поранешниот сопственик на „Агрокор“ и најбогатиот човек на Балканот најави формирање на политички субјект и учество на парламентарните избори во Хрватска идната година на кои ќе атакува на премиерската позиција. Тодориќ најавува дека околу себе има многу познати лица, но не открива кога и со кои ќе ја формира политичката партија.
Тодориќ најавува набрзо и крај на арбитражата во Вашингтон, по што очекува дека ќе добие милијарди евра. Според него компанијата која запослуваше 50.000 луѓе незаконски му е одземена.