Ако на дланката ви се оцртува буквата “М” (комбинација на линиите на животот, судбината и срцето) може да се сметате за уникатни. Сите пророци, според народната традиција, го имале овој знак на раката.
По тврдењето на античките Хиндуси, буквата “М”, која само неколку ја носат е благослов на добро наследство, што е показател дека оние кои ја имаат се успешни, бидејќи имаат силна само-дисциплина и мотивација.
Очигледно, луѓето кои ја имаат буквата “М” на дланката се талентирани поединци со неверојатна интуиција, имаат нагласен карактер и најчесто се деснораки.
Постои легенда дека имаат неверојатен дар да проценат дали некој е лажго или не. Таквите луѓе не може да ги манипулирате, бидејќи тие секогаш ќе знаат кога некој се обидува да ги лаже. Тие се одлични партнери во било кој тип на работа.
Ако двајцата сопружници ја имаат оваа буква, значи дека имаат моќ да направат промена во нивниот живот и да се снајдат или да создадат можности што им се потребни. Жените со оваа буква имаат посилна интуицијата отколку мажите со истата буква.
Сите пророци, според народната традиција, го имале овој знак на нивната рака, доколку го имате и вие, значи дека сте многу посебна личност.