Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека во последните денови 280 германски државјани и нивни роднини успеале да го напуштат Појасот Газа, јави ДПА.
Дипломатското претставништво информира дека продолжува да прави се што е во негова моќ за да гарантира дека лицата со германски пасоши кои сакаат да ја евакуираат палестинската енклава ќе имаат можност да го сторат тоа.
Според палестинските власти, завчера околу 600 лица со двојно државјанство преминале на територијата на Египет преку контролниот пункт Рафа.