Македонската женска кошаркарска репрезентација вечерва загуби од Србија со 103:60 во квалификациски натпревар за Евробаскет 2025.
На натпреварот одигран во СРЦ „Кале“ Србинките во целост ја потврдија фаворитската улога и стигна до втора победа во ноемвриски ФИБА „прозорец“.
Капитенот Анџелика Митрашиновиќ беше најефикасна во македонскиот состав со 23 поени, плус шест асистенции и пет скока. Следните натпревари во Г-групата во овие квалификации се за неполна година, односно во ноември 2024 година. Македонките ќе се обидат да ја забележат првата победа на 7 ноември против Украина, или три дена подоцна против Португалија.