„Тивок убиец“: Пет опасности од Wi-Fi

Една од темите која предизвикува дилема меѓу експертите е како безжичката мрежа влијае на човековиот организам? Едни ја сметаат за штетна за човековото здравје , додека други пак не гледаат ништо опасно.

Но, како и да е, темата предизвикува внимание, меѓудругото и затоа што ова мрежа наречена Wireless Fidelity не следи насекаде – на работните места и дома, во училиштата, во болниците, во рестораните и трговските центри. Оваа мрежа толку е насекаде што е невозможно да се игнорира нејзиното влијание на човековиот организам. И тоа влијание, според многумина медицински лица е далеку од позитивно.

Според нив еднократното влијание на wi-fi нема големо и позначајно влијание, но постојаното изложување на сигналите  може да нанесе штета за здравјето, а особено е опасно за децата.

Еве ги потенцијалните опасности од мрежата:

НЕПРАВИЛЕН РАЗВОЈ КАЈ ДЕЦАТА

Радиофрекфентното зрачење од wi-fi мрежата може да го наруши правилниот развој на клетките, одобено кај плодот на бремената жена. Докажано е дека зрачењето влијае на растечките ткива и тоа се однесува не само на ембрионите туку и на децата и адолесцентите.

БЕССОНИЦА

Wi-fi има големо влијание на сонот. Доколку не може да заспиете или имате нерегуларен термин спиење тоа може да биде поврзано со нискофрекфентната модулација од мобилните телефони поврзани на wi-fi .

ПОГУБНО ВЛИЈАЕ НА РАБОТАТА НА МОЗОКОТ

Според американските истражувачи постои врска меѓу користењето на популарните гаџети и развојот на невродегенеративните болести како и образувањето на малигни клетки. Поради постојаното влијание на wi-fi мрежата се намалува активноста на мозокот, што води кон проблеми со концентрацијата и губење на меморијата.

ПРИЧИНА ЗА МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА

Wi-fi предизвикува низа здравствени проблеми, меѓу кои и онколошки заболувања. На страниците на Electromagnetic Biology & Medicine е споделено истражување според кое е докажано дека магнетното зрачење од безжичната мрежа е причина за дисбаланс  во телото што води кон неправилна Ph средина поволна за појава на малигни клетки.

 СТЕРИЛНОСТ

Група експерти од Центарот за репродуктивна медицина во Кордоба дошле до сознание дека wi-fi мрежата влијае на тој начин што го намалува движењето на спермата кај мажите и предизвикува фрагментација на ДНК-то. Тоа води кон стерилитет како и зголемен ризик од патолошка бременост. Според овие експерти при испитувањето на спермата кај 29 здрави мажи кои за време на експериментот имале компјутер лаптоп поставен нa своите нозе, по четири часа, четвртина од нивните сперматозоиди ја изгубиле способноста да се движат, а 9% од сперматозоиидте кои биле под влијание на мрежата имале повредена ДНК структура.

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД ШТЕТНОТО ЗРАЧЕЊЕ:

Не поставувајте го рутерот во кујната или спалната соба

Не поставувајте рутер во соба каде престојуваат бебиња и деца

Не носете го телефонот во џеповите, односно блиску до телото

Бремените не треба да го чуваат телефонот или компјутерот блиску до стомакот

Навечер исклучете ги сите wi –fi  уреди

Треба да знаете
Последни објави