Лајчак утре во Белград на средба со Вучиќ

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог на Белград и Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан Мирослав Лајчак, утре, вторник, 14 ноември доаѓа во Белград.

Во краткото соопштение од Службата за соработка со медиумите на српскиот претседател се наведува дека „Лаjчак ќе се сретне со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ“, а во соопштението не е наведено дали ќе има прес конференција по средбата.

Лајчак минатата недела ја посети и Приштина каде што се сретна со шефот на преговарачкиот тим Бесник Бисљими и претставници на косовската опозиција, кои потврдија дека разговарале со Лајчак за нацрт-статутот на Заедницата на српските општини (ЗСО) предложен од ЕУ и САД, а портпаролот на ЕУ Петер Стано изјави дека посетата е дел од напорите на ЕУ за почеток на процесот на дијалог.

Следната средба на шефовите на преговарачките тимови на Србија и Косово на техничко ниво, чиј домаќин ќе биде специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак, ќе се одржи во Брисел на 16 ноември, потврдија за Гласот на Америка во ЕУ.

Портпаролот на ЕУ Петер Стано изјави дека фокусот ќе биде ставен на следните чекори во процесот на нормализација и спроведувањето на она што досега го договориле двете страни.

Треба да знаете
Последни објави