Британскиот премиер Риши Сунак денеска го назначи поранешниот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли за министер за внатрешни работи, откако претходно денеска беше разрешена министерката Суела Браверман.
Официјалната причина за разрешувањето на Браверман е реконструкцијата на владата.
Смената дојде откако таа рече дека полицијата е „премногу мека“ кон „пропалестинската толпа“ и дека викендот протестите за поддршка на Палестинците се „маршеви на омраза“, пишува Гардијан.