Mетеоролозите предупредуваат на торнадо во Велика Британија: се очекува ветер од речиси 160 километри на час

Експертите предупредуваат дека невремето што се приближува до Ирска и Велика Британија може да предизвика и торнадо.

Британскиот институт за торнадо и бури (TORRO) издаде предупредување за опасни метеоролошки услови и најави дека се очекуваат ветрови со брзина од речиси 160 километри на час, кои ќе донесат врнежи и град до 20 милиметри.

„Бурата Деби ќе се движи кон Ирска и Северна Ирска во текот на ноќта. Фронтален систем ќе помине над областа по полноќ и в понеделник наутро и ќе го зафати остатокот од Обединетото Кралство. Многу силни ветрови поврзани со бурата ќе зафатат делови од Ирска и Британија“, рече портпаролот на ТОРО.

Тој додаде дека постои ризик да се појават едно или две торнада, пренесува „Танјуг“.

Треба да знаете
Последни објави